Ford електрифицираше уште едно славно име! Ова е целосно новиот електричен Explorer / ФОТО+ВИДЕО
Ford го претвори VW ID.4 во електричен Explorer за Европа
Ford електрифицираше уште една позната значка. Овој пат тоа е Explorer, кој е повторно тука, но сега како SUV на батерии за Европа каде доаѓа заедно со постоечкиот Mustang Mach-e.
Ако изгледа чудно што Ford сега има два електрични теренци со пет седишта со слична големина за европскиот пазар, она што е уште почудно е што тие се целосно неповрзани. Наместо да го развива Explorer на платформата на Mach E, Ford својот најнов SUV го создал во соработка со Volkswagen. Под таа надворешност се крие MEB платформата на Volkswagen ID.4.
Моделот ќе се произведува во Европа, поточно во новата фабрика во Келн, Германија.
НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН
Со должина од 4,5 метри, новиот Ford е нешто пократок од Volkswagen ID.4, со кој дели технолошка база. Позната е и почетната цена која изнесува 45.000 евра. Ова е значително помалку од Mustang Mach-E, кој со цена од 62.900 евра е достапен само за тесен круг љубители на „синиот овал“.
Познат е и рецептот. Германската технологија сега е спакувана во американизиран дизајн. На тој начин, Explorer изгледа значително поцврсто од неговиот брат од Волфсбург и визуелно наликува на оригиналниот Explorer.
ЕНТЕРИЕР
Во внатрешноста, пак, доминира 14.6-инчен вертикален централен екран, кој ja донесува новата генерација на Ford Sync. Новина е што екранот може да се поместува и ротира. Овде, Ford става акцент на удобноста при возењето, па на патниците им обезбедува богата опрема, бројни прегради и многу простор. За багаж се резервирани 450 литри простор кој растат до 1400 литри со преклопување на потпирачот за грб на задните седишта. Тој е помалку од конкурентот од VOlkswagen, веројатно поради значително пократките превеси.
ПОГОН
Детали за погонот не се познати. Од Ford само велат дека полнењето од 10 до 80% трае 25 минути. И тоа е тоа. Британскиот AutoExpress дознава дека понудата ќе започнува со моќен електромотор од 170 КС и батерија од 52 kWh, кои ќе даваат автономија од 350 километри, но ќе бидат компатибилни и со полначи со моќност до 130 kW. Само помоќните опции со 231 и 340 КС ќе имаат поголема батерија од 77 kWh, а ќе може да се полнат со моќност до 170 kW.
ОПРЕМА
Кога станува збор за современата опрема, ќе споменеме 12 ултразвучни сензори, пет камери и три радари. Со други зборови, бројни системи за помош се вклучени во опремата, вклучувајќи го и системот за автоматско менување лента.
Ford Explorer EV е првиот од деветте електрични модели што Ford ќе ги лансира до крајот на 2024 година. Засега се знаеме за уште еден модел на платформата MEB и Puma EV, кои ќе доаѓаат од романските погони.