Американскиот автомобилски гигант, Ford, планира максмимално да ја искористи популарноста на кросовер и SUV моделите и затоа подготвува дури седум за следните години

Оваа година Ford укина неколку препознатливи седан модели за да се фокусира на SUV класата и веќе има заштитено девет нови имиња, од кои седум се наменети за кросовери.

Финалниот план за Ford е до 2023 година да престави 20-23 нови модели, од кои три се веќе претставени – Bronco, Focus Active и Ranger.

Одамна во план е и помала верзија на Bronco, но од Ford не потврдуваат точно кога ќе пристигне и под кое име.

Се најавува и хечбек со подигнат покрив како конкурент на Subaru Outback, додека за другите модели нема прецизни детали.