Фитнес алките можат да помогнат при препознавање на срцеви заболувања
Дури и најевтините фитнес алки можат да помогнат во идентификување на ризикот од срцеви заболувања
Фитнес алките и други уреди за носење кои ја следат физичката активност на носителот може да бидат основна алатка за дијагностицирање на болести на срцето и проценка на ризикот од кардиоваскуларни болести, се вели во една студија објавена во медицинското списание PLOS Biology.
Дури и оние ефтините фитнес алки, кои ја бележат физичката активност и отчукувањето на срцето, може да бидат многу корисни.
Истражувачите во текот на реализација на студијата на доброволците им дале евтини фитнес алки, но, направиле и различни тестирања – како што се мерење на срцевата активност, нивото на масти во крвта и други клинички испитувања.
Она што го откриле е дека податоците од уредите за носење може да го предвидат нивото на масти познати како ceramidi, кои се поврзани со дебелината, дијабетесот и болести на срцето. Нивото на физичка активност им помогнало на научниците да утврдат кои од доброволците редовно вежба и дали се во ризичната група за срцеви заболувања.
Со оглед на фактот дека и производителите на паметни часовници се повеќе навлегуваат во областа на медицината – Apple најави дека нивниот паметен часовник ќе може да го измери нивото на шеќер во крвта, а Леново покажа уред за мерење на виталните функции во комбинација со паметен телефон – во иднина веројатно на лекарите ќе мора прво да им ги дадеме податоците од нашите уреди за носење, пред да ни ја дадат дијагнозата.