Finetza – куќа на тркала во вистинска смисла на зборот
Со цел да стане лидер во луксузниот сегмент на таканаречени куќи на тркала, компанијата Indias Pinnacle Specialty Vehicles го создала моделот Finetza, кампер кој не е ниту налик на оние што ги занеме од САД и Европа
Од надвор, моделот изгледа прилично робусно, дури и за сегментот RV, односно кампери каде огромниот, коцкест дизајн е некој вид на стандард. Сепак, неговата внатрешност нуди чувство на удобност и е дизајнирана како најлуксузна куќа која можете да си jа замислите. Ова возило е означено како прва во вистинска смисла на зборот, куќа на тркала на компанијата Indias Pinnacle Specialty Vehicles и навистина во исто време станува збор за убавец и ѕвер во една каросерија.
Pinnacle е базиран на моделот Force Motors Traveller кој во суштина е комерцијално комбе или мал автобус, идеален за надградба на прекрасен кампер со различни димензии и дизајни. Соодветно на тоа, компанијата го избрала моделот Traveller поради меѓуоскиното растојание од 4.020 mm и комплетно ја редизајнирала неговата каросерија.
Рестилизираниот преден дел на камперот всушност изгледа цврсто и во голема мера потсетува на она што и се очекува од овој тип на возила, или нивните тјунирани варијанти. Но, гледано од страна на страна, изгледа како мешавина на кампер, ван, куќа на тркала и блиндиран SUV.
Високиот покрив и опаѓачката линија на фронтот дефинитивно ја зголемуваат практичноста на моделот Finetzа, но дефинитивно не придонесуваат во естетска смисла. Вратите со повеќе агли и закосените, затемнети прозорци се чини како да се преземени од некој блиндиран камион, а не од кампер. Тука се и масивните браници од сите страни, кои треба да го убедат купувачот дека ова возило нема да се претвори во куп на свиткан метал кога ќе излезе надвор од урбаните средини и ќе наиде на првиот камен.
Сепак, караваните и не се дизајнирани да изгледаат убаво. Штом се отвори вратата на овој модел, приказната се движи во сосема поинаква насока. Кабината е дизајнирана во елегантен стил, и, слободно може да се каже, навистина потсетува на приватен џет. Централниот дел од внатрешноста ќе го натера секој кој седи таму, целосно да заборави дека се наоѓа во кампер возило. LED диоди со закривен екран се интегрирани во ѕидовите, а тука е и аудио системот од домашното кино. Тука се и четири фотелји и софа, како и масичка за кафе.
По овој дел, се отвора вратата, преку мобилен телефон, која ја открива спалната соба, или подобро речено апартманот. Во овој дел е и кујната со мини фрижидер и кафемат, како и бањата со тоалет и лавабо.
[useyourdrive dir=”1FuhMhv_bH0yRfgKxMTNkVIwIktw6hkgn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Што се однесува до погонскиот агрегат, Finetza се придвижува со 4-цилиндерски дизел мотор со зафатнина од 3.2 литри, кој развива 115 коњски сили, а кој може да превезува до осум патници. Камперот е долг 6,857 mm кога се вози, а кога е паркиран и продолжен (дел кој се извлекува назад) 8,447 mm.
Моделот е премиерно претставен на Auto Expo изложба во Индија во месец февруари оваа година. Цената варира во зависност од опциите, а почетната цена е околу 76.000 долари.