Филаделфија е првиот град во кој полицијата повеќе не застанува за помали прекршоци
Главниот град на Пенсилванија е првиот поголем град во САД каде полицијата повеќе нема да ги запира возачите за помали сообраќајни прекршоци
Законот познат како Driving Equality им дозволува на полицајците да ги исклучуваат од сообраќај само оние со поголеми прекршоци, а причината за некои ќе биде малку бизарна. Имено, утврдено е дека полицијата многу почесто запира возила во кои зад воланот се Афроамериканци.
Овој закон настојува да го намали овој удел со тоа што нема повеќе да ги исклучува возачите од сообраќај поради секундарни прекршоци. Во овие секундарни прекршоци влегуваат, на пример, нескладности поврзани со браниците и регистарските таблички, неисправни светла и слично. Секој што ќе направи таков прекршок ќе добие само предупредување, по пошта.
„Овој закон спречува сообраќајни запирања кои промовираат дискриминација, додека ги задржува оние што ја промовираат безбедноста во сообраќајот“, вели Исаја Томас, член на градскиот совет кој го изгласал законот, нагласувајќи дека полицијата сега ќе може да фокусира повеќе ресурси на безбедноста на сите жители на Филаделфија.
Според извештајот на Си-Ен-Ен, во периодот од октомври 2018 до септември 2019 година, во дури 72 отсто од случаите полицијата запрела возачи со темна кожа. Податоците за оваа година велат дека тој удел е благо опаднат на 67%. Патем, Афроамериканците сочинуваат 48% од населението на градот Филаделфија.
Според новиот закон, на јавноста ќе и биде достапна база на податоци која ќе содржи податоци за секое застанување, со информации за тоа кој бил запрен и која била причината.