Fiat Punto заминува во историјата
По 13 години производство, Fiat Punto дојде до крајот на своето патување, како еден од моделите што траеле најдолго во историјата на Fiat
Се верува дека претставникот на италијанскиот бренд во Б сегментот нема да биде заменет со нов модел, бидејќи компанијата планира да ги ослободи производствените капацитети во фабриката во Мелфи, Италија, каде треба да се произведува вториот Maserati SUV.
Првата генерација на Puntо, кој е произведувана во периодот помеѓу 1993 и 1999 година, ја освои титулата „Европски автомобил на годината за 1995″, во голема мера и поради практичноста и италијанскиот стил. Bertone има создадено и околу 55.000 конвертибилни верзии, кои се продавани низ целиот свет.
Втората генерација на сцената доаѓа кон крајот на 1999 година и останува во продажба до 2010 година, преклопувајќи се со наследникот. Кога се стигнува до третата генерација со прилично големи димензии, во 2005 година, истата беше наречена Grande Punto, додека постарата варијанта беше наречена Punto Classic.
Традиционалното име се врати во 2012 година, по седум години на пазарот, за да се продава во дури шест. Во меѓувреме, конкуренција во голема мера го престигна.
Претходно оваа година, стариот Punto стана првиот автомобил на Euro NCAP тестовите, кој не доби ниту една ѕвезда.