Mоделот треба да биде ривал на неодамна лансираниот Volkswagen T-Roc Cabrio, што е потег кој има смисла со оглед на трендот на популарноста на SUV моделитe и намалувањето на продажбата на традиционални кабриолети и родстери, што доведе и до укинување на Fiat 124 Spider

Моделот 500X Cabrio првпат беше најавен интерно за време на минатогодишниот состанок со добавувачите. Еден претставник на компанијата, во меѓувреме, потврди дека овој модел ќе пристигне кон крајот на оваа година, иако сè уште нема официјална потврда од Fiat.

Изворите сугерираат дека новиот 500X нема да биде „вистински“ кабриолет како T-Roc, туку ќе ги задржи стандардните столбови на покривот и рамките на вратите, на ист начин како и Fiat 500C. Во теорија, тоа значи дека овој кросовер ќе биде четирисед, за разлика од неговиот германски ривал.

Одлуката да се задржи најголемиот дел од „школката“ на стандардниот 500X што е можно повеќе значи дека Fiat би можел да ги минимизира трошоците за развој за модел кој сигурно не,а да бележи продажни резултати како моделот со тврд покрив.

 Кабриолетот 500X е еден од трите нови SUV / Crossover модели планирани да пристигнат оваа година од FCA . Како потсетување оваа година на пазарот ќе пристигнат и Alfa Romeo Tonale, како и Maserati Grecale.