
Fiat ќе електрифицира 60 проценти од возилата
Италијанскиот автомобилски бренд пред голема пресвртница
До крајот на 2021 година, дури 69 проценти од автомобилите кои се во понудата на Fiat Chrysler ќе бидат електрифицирани – хибридни или целосно електрични.
Ова го потврдува Лука Наполитано, еден од челниците на компанијата.
„До крајот на 2021 година, 60 проценти од нашите модели на автомобили ќе бидат електрифицирани, што е повеќе од просекот на пазарот“, рече Наполитано.
Ќе биде интересно да се види како ќе изгледа Fiat во иднина.