Легендарното име не се користи од 1955 година.

Таа година, Fiat престана да го произведува малиот Fiat 500, кој поради изгледот беше познат како Topolino (мало глувче). Несомнено е дека ова е едно од најпознатите имиња на Fiat во историјата, но и на целата италијанска автомобилска индустрија во доменот на модели од големи серии.

Topolino сега би можел да се врати, благодарение на Stellantis. Концернот веќе го лансираше малиот Citroen Ami, а неодамна беше презентиран и како препакуван Opel Rocks. Се чини дека Fiat е третиот производител кој ќе добие дизајнерски прилагодена изведба, но и оживување на уште едно историско име.

Како што дознава Automotive News, првиот прототип е веќе завршен и им е прикажан на дилерите. Еден од оние кои имале можност да го тестираат Topolinо изјавил дека минијатурниот електричен автомобил е значително попрефинет од верзијата на Citroen. Ќе се произведува од следната година во погоните во Мароко, а цената се уште не е позната.

Ако целата механика остане идентична, тоа значи дека во некои европси земји и 14-годишници ќе можат да го возат. Како потсетување, ова е исклучително едноставно и многу практично возило кое со моторот од 8 KW и батеријата од 5,5 kWh нуди автономија од 75 km, максимални 45 km/h и простор за две лица.