Автомобилска компанија Fiat Chrysler Automobili (FCA) ќе плати повеќе од 700 милиони долари, како дел од спогодбата со американското Министерство за правда и сопствениците на спорните дизел возила, кои ја обвинија FCA за користење нелегален софтвер, објави агенцијата Reuters повикувајќи се на неименуван извор

Овој софтвер овозможил прикривање на вистинската емисија на штетни гасови од 104.000 дизел мотори од оваа автомобилска компанија во САД, тврдат неименуваните извори запознаени со ситуацијата.

Од вкупниот износ, 311 милиони долари FCA ќе ги исплати на американските и калифорниските регулатори, околу 75 милиони на земјите кои истражуваат прекумерни нивоа на емисии, а дел од средствата како компензација за вишокот емисии од постарите дизел мотори. На сопствениците на спорните дизели, компанијата ќе исплати 280 милиони долари, тврдат изворите за Reuters.

Kaко потсетување, FCA постојано негираше дека сторил нешто лошо, соопштувајќи претходно дека никогаш немало обид да се создаде софтвер со кој ќе се прекршат правилата за емисија на штетни гасови.

Министерството за правда на САД поднесе тужба против FCA во мај 2017 година за нелегално користење на софтвер кој ги крие повисоките емисии од 104.000 дизел мотори во различни модели од периодот 2014-2016.

Регулаторите на САД и на Калифорнија ја зголемија контролата над дизелите откако Volkswagen во 2015 година prizna дека со години нелегално го инсталирал софтверот во американските возила за да ги избегне стандардите за штетни емисии.