Formula 1 календарот за следната година, кој вклучува 21 трка, заедно со неколку промени на правилата, е потпишан од управувачкото тело на Formula 1, FIA, по состанокот на Светскиот совет за мото спортови (World Motor Sport Council – WMSC) во текот на вчерашниот ден (12.10).

По трет пат во историјата, Светскиот шампионат ќе брои рекордни 21 ГП трки, или исто како и во 2016 и 2018 година. Единаесет од нив ќе се одржат во Европа, пет во Азија, четири во Америка и една во Австралија.

Сезоната 2019 година ќе започне на 17-ти март со ГП трката во Австралија и ќе заврши на 1-ви декември во Абу Даби. Во меѓувреме – во Кина на 14-ти април – Formula 1 ќе ја прослави 1000-та ГП трка од своето основање во 1950 година.

Календар на Formula 1 трки во 2019 година

  • 17 март / Австралија, Мелбурн
  • 31 март / Бахреин, Сахир
  • 14 април / Кина, Шангај
  • 28 април / Азербејџан, Баку
  • 12 мај / Шпанија, Барселона
  • 26 мај / Монако, Монако
  • 09 јуни / Канада, Монтреал
  • 23 јуни / Франција, Ле Касталет
  • 30 јуни / Австрија, Шпилберг
  • 14 јули / Велика Британија, Силверстоун
  • 28 јули / Германија, Хокенхајм
  • 04 август / Унгарија, Будимпешта
  • 01 септември / Белгија, Спа
  • 08 септември / Италија, Монца
  • 22 септември / Сингапур, Сингапур
  • 29 септември / Русија, Сочи
  • 13 октомври / Јапонија, Сузука
  • 27 октомври Мексико Мексико Сити
  • 03 ноември САД Остин (предмет за одобрување од ASN)
  • 17 ноември Бразил Сао Паоло
  • 01 декември Абу Даби Јас Марина

Нови правила за 2019 и понатаму

На состанокот на WMSC, одобрени се и голем број на промени во регулативите, вклучувајќи:

  • Промени на прописите за безбедносното возило со цел да се осигура дека постои конзистентна точка во која возачите може да престигнуваат кога безбедносниот автомобил ќе се врати во пит. Таа точка треба да биде иста за сите три типа на рестарт на трката.
  • За усогласеноста на болидите со правилата сега ќе бидат одговорни тимовите. Пред болидот да излезе на патеката, тимовите мора да потврдат дека истиот е во согласност со сите прашања поврзани со безбедноста.
  • Официјалниот сигнал за крај на трката сега ќе биде светлосен панел, иако и понатаму во употреба ќе остане знамето со коцки.
  • Од 2020 година, бројот на часовите во кои тимскиот персонал треба да биде одалечен од патеката ќе се зголеми од осум на девет часа.

Стратешката група и Комисијата за техничка регулатива во Formula 1 се согласни и за следните промени:

  • Промени во регулативата за ретровизорите и задното крило (висина) со цел подобра видливост позади и безбедност.
  • Правилата за камерата во болидот ќе бидат модифицирани за да се подобри ТВ-спектаклот.
  • Додавање на светла за безбедност на задниот крај од болидите.
  • Мали модификации на Halo системот за безбедност на возачите од безбедносни причини за време на потенцијална екстракција на возачот од болидот.

Целосните детали ќе бидат достапни на FIA.com.