Ferrari Roma беше еден од петте нови модели претставени од италијанскиот производител минатата година

По капакот на Ferrari Roma се наоѓа 3.9-литарски twin-turbo V8 со 620 КС (456 kW), достапни на 7.500 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 760 Nm.

Моќта се пренесува преку автоматски 8-степен менувач со двојна спојка, така што автомобилот од 1.472 кг забрзува од мирување до 100 km/h за 3,4 секунди.

Видеото објавено на YouTube каналот на магазинот Motorsport покажува со каква леснотија „крева“ Ferrari Roma од 0 до над 200 km/h.