Италијанскиот производител Ferrari оваа година ќе претстави суперавтомобил со хибриден V8 погон

Ferrari не подготвува специјална верзија, туку модел на производство чија испорака ќе започне во 2020 година. Се очекува дека автомобилот што ќе се промовира на специјален настан ќе биде помоќен од моделот 488 Pista, кој располага со 711 КС.

Извршниот директор на Ferrari, Луј Камилери, најави нов модел за време на состанокот на инвеститорите на Ferrari, а неименуван инсајдер открива дека станува збор за хибрид во чија основа се наоѓа V8 агрегат.

Пред смртта, поранешниот директор на FCA Group, Серџо Маркионе, објави дека компанијата работи на хибриден V8 погон кој ќе биде подготвен за оваа година.

Камилери вели дека целосно електрично Ferrari би можело да се очекува по 2022 година, но не сака да ги открива ништо повеќе на таа тема.

Во меѓувреме, се очекува и првиот Ferrari SUV.