Финансиските извештаи обично се здодевни, но кога станува збор за егзотичен бренд како Ferrari, тие се особено „зачинети“

Во финансискиот извештај на Ferrari се споменуваат и плановите на компанијата од Маранело, кои вклучуваат претставување на четири нови модели. Иако испораките на Purosangue допрва треба да започнат, теренецот со високи перформанси не е меѓу четирите најавени бидејќи тој е веќе претставен минатата година.

Ferrari традиционално е таинствен кога станува збор за претстојните модели, па затоа нема да ги откријат картите до крајот на оваа година. Сепак, ако се земат во обзир папарацо фотографиите направени во изминатите неколку месеци, еден од четирите најавени модели најверојатно ќе биде кабриолет верзија на Roma. Ќе биде интересно да се види дали гран-турерот без покрив ќе го замени долгогодишниот модел Portofino M. Исто така, постои ризик од канибализирање на продажбата, при што некои извештаи сугерираат дека Roma Spider (името не е потврдено) ќе се позиционира под моделот Portofino наместо да го замени.

Папарацо фотографии открија и тестно возило базирани на моделот Roma, но со V12 мотор. Тоа всушност би можело да биде наследник на 812 Superfast, кој би можеле да го видиме пред крајот на 2023 година. Потенцијално помоќниот SF90 Stradale беше виден во ноември минатата година како го „крие“ продолженото тело, па очекувајте „Versione Speciale“ или нешто слично.

Што се однесува до четвртиот најавен модел, тешко е да се каже нешто за него. Не треба да се исклучи ултра ексклузивен модел за серијата Icona кој би пристигнал по моделите Monza SP1/SP2 и Daytona SP3.

За периодот помеѓу 2023 и 2026 година, Ferrari вети дека ќе „лансира“ дури 15 модели, вклучувајќи го и својот прв целосно електричен автомобил и хиперавтомобил. Лани компанијата продала дури 13.221 автомобили, а на вработените им поделиа бонус од по 13.500 евра.