За прв пат во историјата, Ferrari влезе во модата според свои „високи“ стандарди, создавајќи ја првата колекција пролет / лето 2022 година

Станува збор за Unisex колекција создадена од дизајнерот на Armani, Роко Јаноне. Секако, наменета е  „и за жени и за мажи“.

Интересно, модната писта е поставена на производствената линија на модели со V12 , како што е престижниот 812 Competizione.

„Ferrari никогаш не била носталгична компанија, таа е секогаш подготвена да го зграби духот на сегашноста со поглед кон иднината“, вели Роко Јаноне за модната колекција.

„Ние сакаме да привлечеме млади мажи и жени. Нашата цел не се само оние што купуваат Ferrari, туку и оние кои се свесни за марката и нејзините вредности. Во повеќето случаи, тоа е технички материјал со високи перформанси, но со истакната модна нота“.

Роко Јаноне ја опишува својата колекција како „флуидна“, со тоа што 80 проценти од креациите се наменети и за жени и за мажи, со големини од ХХХЅ до ХХХL.