Ferrari го претстави болидот со кој ќе ја напаѓа титулата во Formula 1
Кратко време откако Mercedes го претстави болидот за новата Formula 1 сезона, истото го направи и еден од нивните најголеми конкуренти, тимот на Ferrari
За разлика од Mercedes, коj презентацијата ја направи на официјална прес-конференција на патеката Силверстоун, Ferrari својот нов болид под ознаката SF71H го претстави преку видео стриминг.
Ferrari, кој нема титула шампион уште од 2008 година, се враќа на препознатливата црвена боја (all-red livery) на возилото. Новиот болид споредбено со минатата сезона, има подолго меѓуоскино растојание, уште поагресивен дизајн, ревидиран систем за ладење и подобрена аеродинамика. Да не го заборавиме и новиот безбедносен кокпит.
Новиот болид ќе дебитира во Барселона на 25-ти февруари, на само еден ден пред официјалните предсезонски тестирања за новата сезона.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1tamiC3bzRTXeWJhSd1SSwl-xlKXcKu3b” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Како и минатата година, возачкото дуо на тимот за новата сезона е Себастијан Фетел и Кими Раиконен.