Откако своите болиди ги претставија тимовите на Red Bull, Alfa Romeo Sauber и Renault, новиот болид за новата сезона во „најбрзиот циркус на светот“ го претстави и тимот на Mercedes AMG

Како што наведуваат од компанијата, новиот болид кој ја носи ознаката F1 W09 EQ Power + во секој поглед е посупериорен од својот претходник, па затоа се очекува тимот оваа оваа сезона да постигне уште подобри резултати. Да потсетиме дека светскиот шампион е токму од редовите на mercedes, Луис Хамилтон, а тимот е прв и во класификацијата кај конструкторите. Како и да е, од компанијата очекуваат овој болид да биде најбрзиот Mercedes во историјата.

Со назнака EQ Рower+, новиот болид претставува вовед во идните перформантни, хибридни автомобили на компанијата, кои ќе произведуваат под името на подбрендот на Мерцедес, EQ.

На првото официјално снимање на новиот болид, кое се одржа на патеката во Силверстоун, присутни беа и возачите на тимот за новата сезона, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Што се однесува до дизајнот на новиот болид, тука е новиот безбедносен кокпит, а од компанијата велат дека аеродинамиката на возилото е мнгу подобра отколку кај претходникот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”119WMCyVLlx7e1HdoVubFv1QuQveZAj-j” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Следат осум недели тестирање, по што следува и првата трка од сезоната во Мелбурн на 25-ти март.