Ferrari е најпрофитабилен: вистинско богатство од секој продаден автомобил
Речиси сите производители на автомобили се обидуваат да го оптимизираат нивниот бизнис за да ја максимизираат профитабилноста и со тоа да создаваат доволно резерви за понатамошни големи инвестиции
Се разбира, целта е да се подигне конкурентноста и помирно да се влезе во овие турбулентни времиња. Така, Ford е подготвен да „згасне“ половина од својата гама на модели, General Motors го продаде Opel, а Volkswagen се откажа од проектот Phaeton.
Фердинанд Дуденхофер, професор по економија од Дуизбург, во својата студија открива дека Ferrari е најпрофитабилниот бренд. Верувале или не, Ferrari во првите шест месеци од тековната година од секој продаден примерок имал чиста добивка од дури 69.900 евра.
Во однос на профитот, најпрофитабилен германски бренд е Porsche, кој со заработка од 17.000 евра по секое возило е два пати попрофитабилен од премиум играчите како Mercedesa, Audija и BMW, кои во просек заработуваат по 9.000 евра. Maserati и Volvo заработуваат околу 5.000 евра од секоја продадена единица.
Jaguar Land Rover моментално „вози по раб“ и на секој продаден примерок заработува само по 800 евра. Тоа е „одлично“ во споредба со Bentley кој генерира загуба од дури 17.000 евра со секој продаден примерок. Tesla е „подобрa“ – тие губат околу 11.000 евра.
Ако se споредaт резултатите со минатата година, тогаш е сосема јасно дека Porsche и Ferrari се на истото ниво како најпрофитабилни производители на автомобили.