Големата премиера следи, а ова е само мал дел од она што ќе го понуди новиот Roadster

„Од 0 до 96 km/h побрзо отколку што можете да го прочитате овој наслов“, се вели описот на видеото на Tesla на Twitter, јасно алудирајќи на неверојатното забрзување на новитетот на Tesla. Roadster ќе биде првиот сериски (електричен) автомобил кој до 96 km/h ќе забрзува за 1,9 секунди, со што ќе биде дури и пред хибридниот Porsche 918 Spyder.

Најмоќниот модел на Tesla ќе може да вози преку 400 km/h, 400 метри за 8,8 секунди, а благодарение на батериите од 200 kWh батерии ќе има автономија од 1.000 km. Цена? Од Tesla велат – само 200.000 долари.