Уште една демонстрација на моќ од страна на Mercedes на трката во Јапонија, нови проблеми за Ферари…

Стартот на трката беше прилично чист и скоро сите ги задржаа своите позиции, со исклучок на Себастијан Фетел кој започна нешто подобро од конкурентите и веднаш ги претекна возачите на Toro Rossо, за потоа во истиот круг да го претекне и Грожан. Во исто време пред него, во последната шикана, Верстапен прави грешка при кочење и ја сече кривината.

Ситуацијата се обиде да ја искористи Раиконен, но Макс, во негов, непромислен и безобразен стил, ги истуркува Финецот надвор од патеката со мал контакт. Тоа го користи Фетел, кој го претекнува својот колега и доаѓа на позицијата број четири.

Во следниот круг доаѓа до контакт помеѓу Магнусен и Леклерк. На правецот Леклерк тргнува во напад од внатрешна страна, а Магнусен во последен момент врти за да ја брани својата позиција, така што Французинот нема каде освен да се удри во него. Магнусен ова го прави веќе втор пат во две трки, со таа разлика што во Русија имаше среќа се да помине без контакт. Со овој потег, тој ја уништи и неговата трка и трката на Леклерк. Инцидент доведе до влегување на безбедносното возило на патеката, поради остатоците од болидот на Магнусен по патеката.

По продолжувањето на трката, веќе во првиот круг, доаѓа до нов инцидент помеѓу Макс и овој пат Фетел. Германецот се обиде многу агресивно да нападне, а Ферстапен, исто така, агресивно ја бранеше својата позиција по што контактот беше неизбежен. Од целата ситуација Верстапен помина многу подобро и само продолжи да вози, додека Фетел по извртувањето падна на последното место.

Целата ситуација позади максимално за тоа време ја искористија возачите на Mercedes кои „одлетаа“ многу напред. Од тој момент, трката влезе во монотонија. Интересно беше единствено тоа што Рикардо од 15-та позиција успеа да стигне зад својот клубски колега, а Фетел успеа да се пробие до 6-та позиција. Пред самиот крај на трката, се чинеше дека може да го нападне Ботас, но се покажа дека Mercedes се уште е премногу голем залак за Red Bull.

На крајот, Хамилтон со уште едно лесно возење стигна до четвртата победа по ред. Ботас заврши на второто место пред двајцата возачи на red Bull. По нив следеа Раиконен и Фетел, а најдобриот од останатите беше Перез. Во првите десет и бодови завршија и Грожан, Окон и Сајнц. Трката не ја завршија Магнусен, Лекелерк и Хулкенберг.

Со оваа победа, Mercedes и Хамилтон ставија крај на шампионските амбиции на Ferrari и Фетел. Веќе нема дилема кој е новиот шампион. По возбудливиот почеток на сезоната, која ветуваше многу интересна борба до самиот крај, сепак на крајот повторно имаме ситуација кога неколку трки до крајот се е решено и повторно во корист на Хамилтон и Mercedes.

2018 Japanese Grand Prix: Резултати

2018 Japanese Grand Prix: Race Highlights

2018 Japanese Grand Prix: Изјавија по трката

Луис Хамилтон:

Себастијан Фетел:

Генерален пласман:

Formula 1 шампионатот продолжува за двe недели со трката во Текас, кога Mercedes и Хамилтон и официјално ќе бидат крунисани.

Loading...