Првиот квартал од оваа година, европскиот пазар на автомобили повторно го затвора со минус

Brexit, негативната клима за дизелите и економската несигурност на одделни пазари се главните фактори за падот на продажбата во Европската унија. Со 4,13 милиони продадени единици во првиот квартал, пазарот во Европа бележи пад од 3,2 отсто, но сеуште е на ниво на трите најдобри четвртини во период од 10 годининаназад, се вели во извештајот на Jato Dynamics. Најголем пад има MPV сегментот, каде побарувачка е помала за 27% и најниска во последните две децении.

Ако се погледнат резултатите, да не е побарувачката за SUV модели, падот би бил значително поголем. Сепак, и тука не е се така розево. Уделот на SUV сегментот во пазарот сега изнесува неверојатни 37% или 1,53 милиони единици.

Тоа значи раст од 6,8%, што на прв поглед звучи убедливо. Но не е така кога ќе се погледнат резултатите од претходните квартали, кога овој сегмент нрастел со интензитет од најмалку 20%. Во исто време, понудата од 75 модели во 2016 година е зголемена на 115 во моментов.

Во овој сегмент, Volkswagen и T-Roc се најпопуларни во под-сегментот на мали SUV модели. Nissan и неговиот Qashqai и понатами е најпопуларен во под-сегментот погоре. Кај SUV моделите со средна големина, главниот збор го води Mercedes, а Volvo XC60 сепак е најпродаван. Кај големите SUV модели, најпродаван бренд е Land Rover, a кај моделите BMW X5.

Конечно во Европа стигна Tesla Model 3 и буквално предизвика проблеми на ривалите. Не само што се продава повеќе од ривалските модели, туку е најпродаван во сегментот на премиум седани во средани со средна големина.