Американскиот гигант Ford ги потврди овогодинешните шпекулации дека популарниот миниван (MPV) C-Max ќе престане да го продава во Европа

Ford C-Max и неговата варијанта со седум седиште Grand C-Max се произведуваше во погонот во германскиот Салриус, каде што се произведува и европскиот Focus.

Американската компанија ќе го намали бројот на смени од три на две, што значи дека od 6.190 вработени отказно решение ќе добијат околу 1.600.

Со зголемениот интерес кај купувачите за кросовер и SUV моделите, побарувачката за MPV опадна, поради што Ford уште минатата година моделот B-Max го замени со подкомпактниот EcoSport кој се произведува во романскиот град Крајова.

Покрај падот на побарувачката, Ford го гаси C-Max и поради тоа што, како што велат, е неисплатливо моделот да се унапредува за да биде во согласност со новите еколошки стандарди.

Засега нема информации за судбината на поголемите миниванови како S-Max и Galaxy, но тие веројатно ќе „поживеат“ уште некое време со оглед дека пред два месеци добија освежување.