Германската влада постигна договор со Европската комисија во спорот околу забраната за производство на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, соопштија претставници на двете страни.

„Постигнавме договор со Германија во врска со идната употреба на е-горивата во автомобилите“, напиша на Twitter потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

„Сега ќе работиме заедно за да ги усвоиме стандардите за јаглерод диоксид за регулација на автомобилите што е можно побрзо, а Комисијата потоа брзо ќе ги преземе потребните правни чекори“, додаде тој.

Спорот меѓу Берлин и Брисел околу договореното постепено укинување на ваквите автомобили се фокусираше на тоа дали производителите сè уште ќе можат да произведуваат возила кои ќе користат таканаречени е-горива по 2035 година.

Германскиот министер за домување Фолкер Висинг, кој се залагаше за оваа промена, напиша дека „возилата со мотори со внатрешно согорување ќе може да се произведуваат и продаваат и по 2035 година, доколку се полнат исклучиво со CO2 неутрални горива“.

„Европа останува технолошки неутрална“, заклучи тој.

/