Според првиот човек на Tesla, откако електричните возила ќе станат наше секојдневие, односно ќе имаат предност пред традиционалните автомобили, електричната енергија добиена од обновливи извори како што се ветерот и сончевата светлина, ќе мора некаде да се складира

Илон Маск потврди дека, според пресметките на американската марка, потребите за електрична енергија во светот ќе бидат двојно зголемени кога EV моделите ќе ги заменат SUS автомобилите на улиците. Ова веднаш ќе значи дека треба да се произведува многу повеќе електрична енергија.

Милијардерот посочува дека е многу важно енергијата што ќе биде неопходна да се добива на одржлив начин, а тоа ќе биде еден од најголемите предизвици на електрификацијата. Според уверувањето на Маск, преминот од традиционални на електрични автомобили ќе трае приближно две децении.

„Ќе бидат потребни околу 20 години за сите автомобили да станат електрични. Тоа е како со мобилните телефони, не можете да ги замените сите одеднаш. Секоја година, околу 5% од сопствениците на поранешните SUS модели преминува на EV”, вели првиот човек на Tesla.

Тој верува дека по преминот на електрични модели, електричната енергија добиена од обновливи извори на енергија ќе биде од голема важност. Затоа ќе биде важно правилно да се чува, веројатно во батерии. 

„Тука се прават најдобрите ветерници“, вели Маск, мислејќи на Германија.

Шефот на американската марка заклучува дека е среќен што се забрзува работата околу изградбата на фабриката во близина на Берлин и дека секогаш убаво си поминува кога ќе дојде во оваа земја. Маск особено го фали инженерскиот дух на Германците и „желбата работите да се завршуваат“.