Иако новите безбедносни критериуми за краш тестовите на Euro NCAP се построги, Ford Focus и Volvo XC40 оценети со максимални пет ѕвезди

Според новите критериуми, возилото мора да има напреден систем за асистенција на возачот, вклучувајќи и автоматско сопирање во случај на потреба (AEB) кое може да детектира велосипедисти и пешаци, како и автомобили. Бидејќи двата модели ја имаат оваа технологија, и Focus и XC40 имаат скоро идентичен резултат од 75% односно 76% кога станува збор за безбедносни системи.

Автомобилите забележале уште подобар резултат на тестот за заштита на патниците. Двата модели имале идентичен резултат од 87% за безбедност на децата. Ford Focus има исклучително висок резултат од 85% за заштитата на возрасните патници, но Volvo го надминал со фантастични 97%, што е еден од петте најдобри остварени резултати во последните три години.

Единствената категорија каде Ford Focus за нијанса има подобар резултат од Volvo XC40 е во однос на заштита на пешаците – 72% наспроти 71%.