Шпанскиот SEAT советува како правилно да се користи клима уредот во автомобилот

Од SEAT велат дека возачите често го намалуваат ефектот на клима уредите во возилата со тоа што не ги користат правилно, што резултира со повисока температура во кабината, а на тој начин и негативно влијае врз концентрацијата на возачите.

Разликата од само 10 степени целзиусови, во случај на 35 и 25°C може да го зголеми времето на реакција на возачот за 20 проценти, што е еквивалентно на 0,05 проценти алкохол во крвта.

Во автомобилите паркирани на сонце, температурата достигнува и до 60 степени. Поради оваа причина, вели Ангел Суарез, инженер во техничкиот центар на SEAT, „Отворете ја вратата, спуштете ги прозорците и почекајте една минута пред да го вклучите клима уредот, за да се намали температурата во салонот“.

Доколку патниците на задните седишта се жалат дека не чувствуваат оладен воздух, можно е отворите за вентилација да не се правилно насочени. „Тоа не е прашање на температурата, туку на насоката на проток на воздух во возилото“, вели Суарез. „Струењето на разладениот воздух треба да биде насочено нагоре, а не директно во лицата на луѓето. Во овој случај, воздухот циркулира низ целиот ентериер и на тој начин постојано стигнува до патниците“.

Вклучена рециркулација на воздухот

Ова може да резултира со замаглување на очилата, што негативно влијае на видливоста. Повеќето автомобили имаат опција „Аuto“, што автоматски го регулира режимот и го спречува замаглувањето.

Насочување на струењето на воздухот кон себе

Ова е примамливо, но има спротивен ефект, бидејќи тоа ја спречува саканата дистрибуција на ладниот воздух, а со тоа и ладењето на салонот. Кога оладениот воздух е насочен нагоре, тој е поефикасно распореден во внатрешноста на салонот.

Вклучување го климатизерот до максимум штом ќе се влезе во возилото

Кога ќе се влезе во врел автомобил, поставувањето на климатизерот до максимум е многу привлечна опција. Сепак, ова ќе резултира со рециркулација на топол воздух. Наместо тоа, треба да ја отворите вратата, да ги спуштите прозорците и да почекате една минута, два, а потоа да го вклучите климатизерот.

Возењето на превисока температура предизвикува дехидрација и има ефект сличен на оној што се предизвикува со консумирање на алкохол.

Нередовно одржување

Како што се менува моторното масло, гумите, течноста за сопирачките и слично, и климатизацијата бара редовно одржување. Ако не се промени филтерот по 15.000 до 25.000 поминати километри, климатизацијата работи со многу послаб ефект.

Невклучување на клима уредот наутро

Утрата може да бидат свежи во текот на летото, но добра идеја е климата да биде вклучена, за да се спречи замаглување на очилата кога надворешната температура почнува да расте.

Loading...