Во вторникот, Европската комисија се согласи да намали 5% од првично проектираните 40% намалување на емисиите на CO2 од нови автомобили до 2030 година во споредба со емисиите во 1990 година

Некои земји-членки, како што се Ирска и Холандија, истакнаа жалење за овој компромис.

Најголемиот автопроизводител во Европа – Германија, сепак, изрази сериозно сомневање дека наметнувањето на повисокиот лимит ќе се одрази крајно негативно на индустријата и ќе доведе до намалување на работните места. Од Берлин, инсистираа да се прифати предлогот на индустријата за 30% до 2030 година, во споредба со проектираните нивоа за 2021 година. Сепак, Германија немаше потребна подршка за прифаќање на предлогот.

Во последен момент е прифатен компромисот од 35% со цел намалување на тензиите, а кон него е додаден дел за задолжително државно кредитирање кое треба да ги охрабри производителите да го зголемуваат производството на електрични возила. Тоа ќе овозможи различни нивоа на помош во различни земји каде што пазарниот удел на возилата со нула и ниска емисија е под 60% во однос на просекот на ЕУ.

„Тоа беше навистина комплицирана одлука“,сподели еврокомесарот за климатски услови Мигел Канете. „Решението беше подржано од 20 држави, 4 беа против и 4 воздржани. Во почетокот не верував дека ќе има толку силна поддршка за оваа одлука“, заклучува Канете.

Конечната регулатива ќе бидат усвоена следниот вторник со другите двајца европски законодавци – Европскиот парламент и Европската комисија.

Според еколозите, германската влада уште не може или не сака да ја научи лекцијата и не сака да примени построги мерки кон автоиндустријата, без оглед на огромниот скандал Dieselgate, кој опфати над 11 милиони дизел автомобили во целиот свет.

Високите летни температури ова лето на северната хемисфера предизвикаа загриженост дека климатските промени се одвиваат со забрзано темпо. Ова доведе до тоа некои европски земји да бараат побрза и построга имплементација на планираните правила за намалување на емисиите. Повиците беа дури и за 45% намалување, што беше жестоко одбиено од неколку земји предводени од Германија.