ЕУ против автомобилските гиганти од Германија
ЕУ ги обвинува германските автомобилски гиганти за здружување против „чистата технологија“ во автомобилите
Доколку понатамошната истрага покаже дека постои договор, на компаниите им се заканува парична казна која може да достигне до 10 проценти од нивната годишна заработувачка на глобално ниво.
Германските автомобилски гиганти BMW, Daimler и VW се најдоа на удар на Европската комисија, откако прелиминарната истрага покажала дека тие се здружиле за да го отежнат воведувањето на технологија за намалување на емисиите од издувните гасови.
Истрагата спроведена од Европската комисија покажува дека во периодот од 2006 до 2014 година, овие автомобилски производители се здружиле против други, конкурентни компании кои развиваат технологија за намалување на емисиите од автомобилите.
„Компаниите можат да соработуваат на различни начини за подобрување на квалитетот на своите производи. Но, правилата за конкуренција на ЕУ не им дозволуваат да се здружат за целосно спротивни интереси. Ние сме загрижени за тоа што се случило во овој случај и што BMW, Daimler и VW можеби ги прекршиле правилата на ЕУ“, вели Маргарет Вестагер.
Комсијa изразила посебна загриженост во врска со два система – системот за селективна каталитичка редукциј и филтер за „отто“ честици. Двата системи се користат за намалување на емисиите на штетни честички во издувните гасови од дизел односно бензинските мотори.
Како што е наведено, таков договор помеѓу производителите ги спречило купувачите да купуваат автомобили што помалку ја загадуваат животната средина.
Германските автомобилски гиганти сега имаат можност да одговорат на обвиненијата. Доколку понатамошната истрага докаже дека постои договор, на компаниите им се заканува парична казна што може да достигне до 10 проценти од нивната годишна заработувачка на глобално ниво.
Како потсетување, германската автомобилска индустрија веќе беше во центарот на скандал, кога беше откриено дека Volkswagen манипулирал со резултатите од испитувањата на емисиите од издувните гасови кај милиони возила.