EQS е првиот, целосно електричен луксузен седан од марката Mercedes-EQ

На овој начин, Mercedes-EQ го редефинира овој сегмент од автомобилската индустрија. EQS воедно е првиот модел базиран на модуларна архитектура за луксузни електрични возила.

Велат секоја чест на останатите, но сепак Mercedes е друга приказна. Затоа, лансирањето на под-брендот EQ за електрични модели беше следен со особено внимание. А меѓу нив сега е крунисан и кралот, моделот EQS. Она што е S-класата во стандардната гама на производителот тоа е EQS помеѓу електричните автомобили. 

Елегантно скроениот EQS носи повеќе стил и изобилство на технологија, а меѓу нив може да се избројат дури 15 иновации.

Како што е веќе познато, електричниот новитет од Штутгарт ја има најдобрата можна аеродинамика – вредноста на коефициентот на отпор на воздухот (cd) е еднаква на 0,20. EQS е близок до S-класата, но електричната архитектура овозможува некои нови излети во смисол на позакривени линии и кабина поместена понапред. Предниот дел е нагласен преку Black Panel единицата, а иновативните фарови се поврзани со светлосна лента. За оние кои сакаат повеќе, тука е црниот панел со тродимензионална ѕвезда.

Пазарната премиера ќе биде обележана со изведбата EQS 450+ со моќност од 245 kW и 568 Nm вртежен момент и потрошувачка на струја според NEDC од 16,0-19,1 kWh/h или 20,4-15,7 kWh / 100 km според WLTP. До 100 km/h достигнува за 6,2 секунди. Веднаш по оваа изведба доаѓа асоцијативно именуваниот EQS 580 4MATIC со моќност од 385 kW и вртежен момент од 855 Nm, што е доволно за автомобилот до 100 km/h да забрзува за само 4,3 секунди. Двете верзии имаат максимално ограничување на брзината од 210 km/h. Станува збор за патен крстосувач со тежина од над 2,5 тони, со должина од 5.216 mm, ширина 1.926 mm и висина од 1.512 mm.

Предвидена е и верзија со високи перформанси со моќност од 560 kW. Сите модели имаат електричен погон (eATS) на задната оска, додека верзиите со погон 4MATIC eATS погон имаат и на предната оска.

Во новиот Mercedes EQS нема загуба на енергија. Регенеративното сопирање е со степенест интензитет, а функцијата ECO Assist предвидува сообраќајни услови, топографија и преференции на возачот според што врши прилагодување кога и колку да се сопира.

Mercedes со EQS донесува и нова генерација на батерии со поголема енергетска густина и 10% помалку кобалт. Поголемата од двете достапни има употреблив енергетски удел од дури 107,8 kWh, што е околу 26 проценти повеќе од моделот EQC. Во однос на полнењето, максималната моќност што ја прима е 200 kW на брзи DC полначи, што значи дека за 300 километри (WLTP) е доволно само 15-минутна време на полнач. Вграден е и полнач за полнење со наизменична струја, до 22 kW. Со опцијата IONITY Unlimited, сите европски корисници на Mercedes me Charge можат да ја користат мрежата на брзи полначи бесплатно една година.

Од голема помош е и навигацијата со функцијата Electric Intelligence, која ја планира најбрзата и најпрактична рута, вклучително со запирање заради полнење на батеријата, а заснована врз различни фактори. Динамички реагира на сообраќајниот метеж и промените во стилот на возење. Тука е и визуелизацијата на MBUX системот (Mercedes-Benz User Experience) која покажува дали преостанатиот капацитет на батеријата е доволен за враќање на почетната локација без повторно полнење. При пресметување на трасата, се дава предност на рачно внесените бензински пумпи, а предложените може да се исклучат. Исто така, се пресметуваат проценетите трошоци за полнење според станицата за полнење.

EQS е првиот Mercedes кој нуди опција за активирање на нови функции на возилото преку далечински надградби по безжичен пат (over-the-air updates – OTA) во многу области. Се нудат и две специјални програми за возење за млади возачи и сервисен персонал, а ќе може да се отклучи и управувањето со задната оска со поголем агол на управување од десет степени. Опремата е од прва класа, а списокот на опции вклучува бројни атракции. Една од нив е автоматската комфорт врата каде рачката самостојно се извлекува кога возачот ќе се приближи до автомобилот, а ако се приближи уште повеќе, вратата на возачот се отвора автоматски.

EQS има до 350 сензори, а тие бележат растојание, брзини и забрзувања, услови на осветлување, врнежи од дожд и температура, зафатеност на седиштата, како и трепкање на очите на возачот или говорот на патникот. Тогаш алгоритмите овозможуваат последователно дејствување, а тука е и вештачката интелигенција. Да, EQS е способен да учи врз основа на стекнатото искуство и самостојно ќе го паркира автомобилот и ќе му го донесе на сопственикот од паркинг. Со опционалниот Drive Pilot, EQS ќе може да вози во условен автономен режим до 60 km/h во случај на густ сообраќај или во колони.

За крај уште еднаш да го споменеме MBUX Hyperscreen-от, голем закривен екран кој се протега речиси по целата ширина на предната арматура (142 cm), а активната површина е дури 2.432,11 cm2. 

Mercedes-EQ се потпира на паметна логика на заклучување базирана на камера: ако камерата открие дека возачот гледа во екранот на патникот, тој автоматски се затемнува. Со адаптивен софтвер, MBUX целосно се прилагодува на својот корисник и дава персонализирани предлози за голем број функции за забава, удобност или функциите на возилото. Со концептот на нулта слој (zero layer), клучните апликации што одговараат на ситуацијата и содржината секогаш се во видното поле на највисоко ниво на MBUX. Најновата генерација на системи за помош при возење, вклучуваат голем број функции за поддршка на возачот. На пример, ново e дополнителното предупредување на системот ATTENTION ASSIST. Ги анализира движењата на очните капаци на возачот преку камерата на дисплејот на возачот (само во комбинација со MBUX Hyperscreen). Исто така, на цел екран на едноставен начин се покажува функцијата на системите за помош при возење. Принципите на интегрална безбедност Integral Safety, особено во врска со безбедноста од несреќи, се применува без оглед на платформата.

„EQS е дизајниран да ги надмине очекувањата дури и на нашите најсложени клиенти. Тоа е токму она што Mercedes треба да го стори за да ја заслужи буквата ‘S’ во своето име. Ние не ja доделуваме тaa буква толку лесно “, вели Ола Колениус, извршен директор на Daimler AG и Mercedes-Benz.

[useyourdrive dir=”1aiMUZFtrX7oKAhj1T266VsmGL40_uM5M” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Интересно

Burmester® surround системот во EQS се состои од 15 звучници со вкупна моќност од 710 вати и произведува невообичаено експресивен, природен звук – т.н. Burmester “feel-good звук“. Премаз на прекривното стакло го олеснува чистењето на MBUX Hyperscreen. Самото закривено стакло се состои од алуминиум силикат отпорен на гребење. EQS е прв сериски автомобил со Cd вредност од 0,20. На овој начин, ги користи предностите на наменскиот дизајн. Комјутерски мозок составен од 8-јадрен процесор, 24 GB RAM и 46,4 GB пропусен опсег во секунда се само некои од техничките податоци на MBUX. Осветленоста на хипер екранот се прилагодува на амбиенталните услови користејќи ги мерните податоци на 1 мултифункционална камера и 1 дополнителен сензор за светло. Со најмногу седум профили, просторот за прикажување на хипер-екран на патникот може да се индивидуализира. „Hey Mercedes“ поддржува 27 јазици благодарение на Natural Language Understanding (NLU).

Продажбата на Mercedes EQS е предвидено да започне на 15 јуни, а првите возила се очекуваат во салоните во ноември оваа година.