Во Европската унија продажбата на електрични возила има раст од 4,4% во однос на 2018 година

Според ACEA (Европската асоцијација на производители на автомобили), побарувањата за електрични возила се зголемиле за 81% во последниот квартал од 2019 година, или во бројки – 156.805 автомобили.

Хибридните возила продолжуваат да бидат доминантни помеѓу алтернативите во ЕУ, што претставува зголемување од 69,2% во однос на истиот квартал во 2018 година, што е исто така голема промена.

Уште пред воведување на новите стандарди за емисија, електричните автомобили стануваа сè попопуларни, што кажува доволно за тоа што луѓето сакаат да возат, а како главна причина за лошата продажба досега е недостигот на избор од страна на производителите.

Покрај сите овие бројки, важно е да се напомене дека во ЕУ се продале 3,7% помалку дизел возила, а за дури 29,5% е помала бројката на регистрирани дизел автомобили. Секако, има земји како Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија каде бројката на набавени дизел автомобили е поголема, но генерално сепак најзастапени се бензинците, барем што се однесува до европскиот пазар.