Електричните автомобили ќе чинат колку и бензинците и дизелите до 2021 година
Електричните автомобили во светот се само мал дел од вкупната продажба на возила, но растот на EV сегментот од година во година е се поголем
Големите компании инвестираат се повеќе пари во развојот на EV технологијата, од која се очекува постепено да го преземе приматот во следната деценија од возилата на фосилни горива.
EV и plug-in хибридите во 2020 година треба да го најдат патот до четири милиони корисници, што е двојно повисоко од 2018 година, барем според престижната ревизорска компанија Deloitte.
Според оваа компанија, до 2025 година, вкупната продажба на возила со електричен мотор и батерија треба да изнесува 12 милиони единици, а дури 21 милион на крајот од следната деценија.
Притоа, електричните возила би требало да чинат дури 70% од вкупниот пазар. Понатаму, економските експерти од Deloitte веруваат дека EV автомобилите веќе во 2021 година ќе ја достигнат цената на бензинските и дизел возилата.
Оваа компанија предлага производителите да ја надградат инфраструктурната мрежа на полначи и да инвестираат значителни средства во рекламирањето на електричните автомобили со цел да се забрза адаптацијата.