Електричниот Volvo EX30 дефинитивно доаѓа во јуни оваа година
За време на ноемвриската промоција на електричниот модел EX90, Volvo најави и електричен подкомпакт кој ќе се вика EX30.
Сега извршниот директор на Volvo, Џим Роуан, официјално објави дека премиерата на EX30 ќе се одржи на 15 јуни, а неговото производство ќе започне до крајот на оваа година.
Роуан претходно изјави дека EX30 ќе се произведува во Кина и ќе биде клучна алка за Volvo да ја исполни својата продажна цел од 1,2 милиони возила годишно до 2025 година, од кои половина ќе бидат електрифицирани.
Роуан нагласува дека EX30 ќе се нуди по „навистина добра цена“, но ќе биде и „многу безбеден“ со „пристоен опсег“, позициониран под малку поголемиот XC40. EX30 ќе се нуди преку претплата Care by Volvo, нешто што, според него, ќе помогне да се привлечат и помлади купувачи.
„Тоа е лицето од Gen Z, кое има 18, 19 години и првпат е на пазарот на автомобили и ја бара вистинската цена плус флексибилност, осигурување и помошт на патот, нешто што го нуди Care by Volvo“, вели Роуан.
Volvo ја потврди својата намера да претставува нов електричен автомобил секоја година, бидејќи се движи кон целосно електричен опсег до 2030 година.