Електричниот Mustang Mach-E достапен и во Македонија
Во Македонија пристигна првиот комплетно електричен спортски автомобил во историјата на Ford со високи перформанси, Mustang Mach-E. Моделот, кој дебитираше пред неколку години, веќе се нуди за директна продажба во Ford салонот на Ми-да Гранд Моторс во Скопје
Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компакт – кросовер – SUV кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење. Полнењето може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW.
Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang модел кој се нарекувал Mach-1. Симболично сега е презентиран првиот електричен Mach-E.
„Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно електрични модели. Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.