Eлектричниот автомобил на Alpine ќе биде на јапонска платформа
Францускиот спортски модел на струја ќе добие два електромотори и моќна батерија
Компанијата Alpine, која е дел од францускиот Renault, развива сопствен асортиман на електрични автомобили, од кои првиот ќе се појави до средината на 2021 година.
Според информациите, првиот електричен автомобил од легендарната марка ќе биде изграден на модуларната платформа CMF-EV, која е развиена од инженерите од јапонскиот Nissan. Погонот ќе биде со два електромотори напојувани од батерија со капацитет од 87 kW/h. Сериската верзија на електричниот Renault Megane eVision ќе ги користи истите единици.
Првиот прототип се очекува да биде готов до крајот на март следната година, за да може да се започне со целосни тестови. Официјалната премиера треба да се одржи на есен, а продажбата да започне на крајот од следната годината.
Alpine е основана во 1950-тите за да развива спортски и тркачки автомобили. Од доцните 70-ти стана сопственост на Renault, а моделите се произведуваат во фабриката на француската марка во Диепе.