Електричниот Audi S1 E-tron Quattro е новиот болид за автомобилските егзибиции на Кен Блок
„Hoonitron го пишува следното поглавје во нашата историја и ја носи нашата приказна за Gymkhanа во иднината“, вели Блок.
Подготвувајќи се за своето прво видео за целосно електрична Gymkhanа или Elektrikhanа, Кен Блок се здружи со Audi за да направи уникатен EV модел. Тимот конечно го откри автомобилот кој е инспириран од Audi Sport Quattro S1 кој се има тркано на Pikes Peak Hill Climb во 80-тите.
Проектот е повеќе модерна модификација отколку римејк на постоечката, неговото полно име е Audi S1 e-tron quattro Hoonitron. Дизајниран е со многу визуелни знаци на класичен тркачки автомобил, вклучувајќи огромно крило и рели светла, во комбинација со модерниот e-tron дизајнерски јазик.
„S1 Hoonitron комбинира многу од она по што Audi веќе беше познат во 1980-тите. Мислам дека е одлично што дизајнерите на Audi беа инспирирани од сопственото минато и уникатно ја пренесоа технологијата и изгледот на автомобилот во сегашноста“, рече Блок.
Возилото се придвижува од два електрични мотори кои му даваат quattro погон на сите тркала. Иако моќноста сè уште останува непозната, се знае дека RS Q e-tron е подготвен за Дакар, кој својот пар електрични мотори ги има позајмено од Formula Е болидот на Audi. Тој испорачува околу 680 КС (500 kW). Audi откри дека Hoonitron користи шасија од јаглеродни влакна и дека е дизајниран во согласност со безбедносните стандарди на FIA.
„Audi ми даде шанса да го тестирам неколку дена во Германија. Запознаен сум со многу автомобили кои користат мотори со внатрешно согорување и менувачи, но научив многу нови работи овде. Вртењето во круг со брзина од 150 km/h во место, само со користење на десната нога, е сосема ново искуство за мене“, вели Блок.
Hoonitron е произведен во фабриката на Audi во Некарсулм, каде што се произведува и RS e-tron GT. Дизајнерскиот оддел на Audi во Инголштад е одговорен за изгледот.
„Кога првпат слушнавме за проектот, целиот тим беше воодушевен. Временската рамка беше исклучително кратка: додека нашиот процес на дизајнирање обично трае една година до година и половина, имавме само четири недели за конечниот дизајн. Бевме во постојан контакт со Кен Блок и неговиот тим“, вели главниот дизајнер на Audi, Марк Лихте.
„Фактот што Audi сега го разви овој автомобил за мене и мојот тим и ни се придружи во нашиот следен проект, го оствари мојот сон. Hoonitron го пишува следното поглавје во нашата историја и ја носи нашата приказна за Gymkhanа во иднината“, дополнува Блок.