Доколку идните сопственици решат често да ја користат оваа опција, ќе мора да бидат подготвени за чести менувања на гумите …

Во подготовка е Mercedes EQG, кој ќе биде електрична верзија на легендарната Г-класа. Очекувањата се големи, а на интернет протече прво видео од возилото на тестирање кое се врти 360 степени, како тенк. Ова не е првиот автомобил со оваа опција, го понуди и Rivian, но американскиот производител се откажа од него, па нема да го вградуваат во сериските автомобили и пикапи.

Иако квалитетот на видеото е на ниво на интернет дела од 1990-тите, оваа карактеристика може јасно да се види. Се претпоставува дека EQG има четири електромотори, по еден за секое тркало, кои му овозможуваат вака да се врти. Доколку идните сопственици одлучат често да ја користат оваа опција, ќе мора да бидат подготвени за чести менувања на гумите.