Електрична револуција! Ова се најпродаваните автомобили во Европа во септември
Tesla може да го прослави најголемиот продажен успех во Европа досега – во септември Model 3 бил број 1 на Стариот континент
Според JATO Dynamics, Tesla Model 3 стигнал до 24.591 клиенти, а со тоа и до титулата најчесто биран нов автомобил во Европа во септември оваа година.
Во ТОП 3, Renault Clio стигнал до 18.264 нови сопственици, а на последното место од победничкиот пиедестал е Dacia Sandero со 17.988 примероци. ТОП 5 ги вклучува и Volkswagen Golf (17.507 единици) и Fiat 500 (16.349 единици). Електричната верзија на популарното„Фиќо“ е најпродаваната верзија.
Останатите позиции во првите десет се следни:
- Opel Corsa 15,502
- Peugeot 2008 14,931
- Hyundai Tucson 14,088
- Peugeot 208 13,895
- Renault Captur 13,715
Како што може да се види од претходната табела, Hyundai Tucson и Tesla Model 3 се единствените ТОП 10 модели кои ги подобриле своите резултати во споредба со истиот месец минатата година. Сите останати имаат пад на продажбата.
Tesla Model 3 така влезе во историјата од најмалку две причини. Прво, за прв пат во европската историја на продажба, електричен автомобил е на врвот на листата. Второ, ова е прв пат неевропски автомобил да ја освои оваа титула. Не може да се потцени фактот дека во истиот месец се продадени 9.000 примероци од Model Y. Во исто време, целиот пазар има пад од 25 проценти.
Генерално, септември беше уште еден значаен месец за европската автомобилска индустрија, бидејќи регистрациите на нови автомобили имаат пад од 25% или само 964.800 единици. Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics, коментира:
„Дилерите продолжуваат да се соочуваат со проблеми со достапноста на нови автомобили поради недостигот на чипови. Како резултат на тоа, не сакајќи да чекаат повеќе од една година за нов автомобил, па многу потрошувачи се свртени кон пазарот на половни автомобили“.
Генерално во однос на продажбата, Муњоз вели:
„Оваа година, индустријата добро реагираше на пандемијата, но сега се соочува со нови предизвици во синџирот на снабдување. Зголемената популарност на електричните возила е охрабрувачка, но продажбата сè уште не е доволно силна за да го надомести големиот пад забележан во другите сегменти“.