Електричен Volkswagen ID.6 или ID.4 XL
Во април 2019 година, на саемот за автомобили во Шангај, Volkswagen претстави уште еден член на електричното I.D. семејтво – концептот на I.D. Roomzz.
Во меѓувреме, беше најавено дека оваа студија ќе добие и сериска верзија наречена ID.6, како и дека првично ќе се продава само на кинескиот пазар.
Во секој случај, станува збор за кросовер изработен на платформата MEB на Volkswagen за електрични возила, со модерен, простран и променлив ентериер со три реда седишта.
За потсетување, концептниот автомобил го придвижуваат два електромотори со вкупно 225 kW / 306 КС, додека автономијата со едно полнење на батеријата од 82 kWh е до 450 km (80% од капацитетот на брз полнач од 150 kW може да се наполни за околу половина час).
Што се однесува до овој сериски модел, во моментов се споменува само верзија со 150 kW / 204 КС, која достигнува 160 km/h. Податоците за батеријата и опсегот допрва треба да следат.
Серискиот ID.6 е долг 4.876 mm, широк 1.848 mm, висок 1.680 mm, меѓуоскиното растојание е 2.965 mm, додека возилото тежи 2280 kg.
Покрај тоа, се споменува и систем за автономно возење, но повеќе детали треба допрва да следат.