Веќе одамна Volkswagen ја има предадено апликацијата за заштита на имињата на своите класични модели со префиксот „е“, што укажува на нивно заживување, но со употреба на електричен погон

На крајот на јуни, VW аплицираше за регистрација на името e-Samba, а тогаш се шпекулираше дека може да се користи за производната верзија на концептот ID Buzz, но тој автомобил сепак ќе ја задржи ID ознаката.

Во следните недели, Volkswagen ги регистрираше имињата е-Beetle, е-Golf Classic, е-Kubel и е-Karmann.

Името е-Kubel веројатно се однесува на Kubelwagen, лесно воено возило од Втората светска војна, за кое извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис во 2017 година изјави дека сака да го „оживее“ како електричен модел.

Неофицијалните информации велат дека оживеаните класици нема да бидат произведувани директно од Volkswagen, туку дека овие проекти ќе ги преземе компанијата eClassic, специјализирана за претворање на постарите модели во модернизирани електрични автомобили, пишува Autoblog.

Компанијата eClassic која ја подржува Volkswagen, веќе произведува електрична верзија на класичните e-Beetle и е-Bulli.