![Електричен „Golf“ наспроти бензинец: што е поевтино за одржување?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/05/VW-ID-3-VW-Golf-1200x800-2e1f258e173ff0e4.jpg)
Електричен „Golf“ наспроти бензинец: што е поевтино за одржување?!
ID.3 чини 47,2 центи по километар, додека Golf е речиси десет центи поскап (56,9 центи)
Едно од клучните прашања за електричната мобилност е дали автомобилите како Volkswagen ID.3 се поевтини од Golf? Конкретните модели се само пример, но трошоците за купување и одржување се она што ги мачи потенцијалните купувачи. Германскиот автомобилски клуб ADAC ги ставил сите трошоци на хартија и го прогласил победникот…
Повисоките трошоци за купување електричен автомобил (ID.3 36.960 €, Golf бензин 32.460 €) се надоместуваат со други трошоци како осигурување, данок на возило, трошоци за одржување и поправка, трошоци за гориво и електрична енергија. Во вкупниот биланс се забележуваат и релативно помали трошоци за одржување и работа на електричните автомобили. ID.3 чини 47,2 центи по километар, додека Golf е речиси десет центи поскап (56,9 центи). Електричниот ID.3 на крајот доаѓа поевтино.
Ако го земеме предвид германскиот еколошки бонус за купување на ID.3 од 9.000 евра – кој сепак ќе се намали во наредните години – купувањето електричен автомобил е исто така околу 5.000 евра поевтино од бензинецот. Тоа влијае и на загубата на вредноста, која е помала и, според ADAC, е најголемиот фактор за трошоци.
Засега, електричните автомобили сепак се прескапи и сè уште не изгледаат како добра опција за клиентите. Кога нивната цена ќе падне, тие веројатно ќе почнат да имаа се поголем удел на пазарот.
Пресметките на ADAC се засноваат на просечен период на одржување од пет години со годишна километража од 15.000 километри. Бидејќи цените на горивата во моментов варираат, за пресметката се користел просекот за последните три месеци во Германија.