Евтини електрични автомобили се можни, но со еден многу важен компромис – батерија со скромен капацитет

Tata Motors е најголемиот производител на автомобили во Индија и една од најголемите компании во светот, а нивниот електричен оддел штотуку го лансираше Tata Tiago EV, електрично возило со многу прифатлива цена.

Моделот е класифициран во категорија на урбани возила, односно сегмент А. Станува збор за возило долго 3.770 mm со меѓуоскино растојание од 2,4 m., под чие мало тело се кријат батерии со скромен капацитет. Толку мали што има дури и мотоцикли со поголем капацитет. Tata наведува две различни големини на батерии: 19 и 24 kWh, истиот капацитет со кој Nissan го претстави LEAF пред повеќе од една деценија. Според официјалните податоци, автономијата се движи од 250 до 315 километри, но во циклусот MIDC, кој е посебен хомологациски циклус на Индија. Преведено во циклусот WLTP растојанијата се значително помали, околу 150 и 200 километри.

Tata нуди системи за брзо полнење на Tiago EV, односно 110 километри автономија за само 30 минути. Сепак, вистинската вест е продажната цена. Tata Tiago EV се огласува по стартна цена од 8,49 лаки, што е околу 10.000 евра, до максимум 11,79 лаки, што е нешто помалку од 14.000 евра. 

Се ова не носи до само еден заклучок. Евтини електрични автомобили се можни, но со еден многу важен компромис – батерија со скромен капацитет. Испораките ќе започнат на почетокот на следната година, иако компанијата веќе прима нарачки.