Рускиот блогер Игор Мороз решил целосно да го уништи неговиот скап Mercedes-AMG G63 на многу необичен начин

Русинот ангажирал хеликоптер за да го крене автомобилот во воздух, а потоа го фрлил од висина од 300 метри на земјата. Мороз тврди дека бил незадоволен затоа што тој честопати морал да го носи автомобилот на поправка, а понекогаш возилото останувало во сервис и по еден месец. Покрај тоа, продавачот, наводно, одбивал да ја признае гаранцијата во поединечни случаи, иако автомобилот бил платен дури 270.000 американски долари во март 2018 година.

Мороз е добро познат блогер, па ја искористил оваа ситуација за да сними видео кое има голем број прегледи за само неколку дена.

https://youtu.be/us3dPeONpMo