![Екстремно! Се разочарал од скапиот автомобил, го подигнал со хеликоптер и го фрлил / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/12/mercedes-1.jpg)
Екстремно! Се разочарал од скапиот автомобил, го подигнал со хеликоптер и го фрлил / ВИДЕО
Рускиот блогер Игор Мороз решил целосно да го уништи неговиот скап Mercedes-AMG G63 на многу необичен начин
Русинот ангажирал хеликоптер за да го крене автомобилот во воздух, а потоа го фрлил од висина од 300 метри на земјата. Мороз тврди дека бил незадоволен затоа што тој честопати морал да го носи автомобилот на поправка, а понекогаш возилото останувало во сервис и по еден месец. Покрај тоа, продавачот, наводно, одбивал да ја признае гаранцијата во поединечни случаи, иако автомобилот бил платен дури 270.000 американски долари во март 2018 година.
Мороз е добро познат блогер, па ја искористил оваа ситуација за да сними видео кое има голем број прегледи за само неколку дена.
https://youtu.be/us3dPeONpMo