Една компанија тврди дека има „магичен премаз“ поради кој за две години автомобилските перални ќе бидат вишок?!
Транспарентниот нано филм може да го покрие целиот автомобил како „втора кожа“
Нано премазите не се ништо ново. Тие се веќе на пазарот и во рекламните материјали ветуваат ефективно отфрлање на нечистотијата. Но, новиот нано премаз оди уште подалеку и ја загрозува иднината на автомобилските перални.
Американската компанија Actnano планира да обезбеди трајно чиста каросерија, чистење на автомобилските стакла од кондензација и заштита на тапацирот и електрониката од нечистотија со нова формула за нано премаз. Транспарентниот нано филм може да го покрие целиот автомобил како втора кожа. Облогата ја отфрла нечистотијата, ги штити материјалите и има ефект на самочистење. За околу две години, миењето автомобили би можело да стане непотребно со производ кој Actnan го нарекува nanoGUARD, или барем така тврдат пронаоѓачите.
Нанослојот би можел да ги заштити сензорите на радарските системи на автомобилот од нечистотија, снег и мраз, што е исклучително важно за функционирањето на системот за активна безбедност.
Actnano сака да ги понуди своите премази во градежништвото како трајна заштита на фасадите и прозорците, па дури и за домаќинствата за заштита на софи, теписи… Компанијата исто така верува дека може да понуди водоотпорни мобилни телефони и USB мемориски стикови и слушалки отпорни на пот. Облогата спречува кондензација и корозија, може да се нанесува директно на сложени компоненти без подготовка и не содржи штетни флуор и халогени соединенија.
Премногу добро за да биде вистина? Времето ќе покаже. BMW и Porsche веќе имаат купено акции во Actnan, а сериозните инвеститори често одат со сериозни намери и инсајдерски информации.