Една европска земја ќе им дозволи на возачите да гледаат телевизија во движење!
Во голем број европски земји по летото ќе биде дозволено и автономно возење, но со максимална брзина од 60 km/h
Во Велика Британија наскоро ќе биде дозволено гледање телевизија во автомобилите. Не само за совозачот, туку и за возачот. Од друга страна, handsfree повиците се уште се забранети. Меѓутоа, постои услов, а тој е дека новиот закон се однесува само на автомобилите со можност за автономно возење од Ниво 3. Британските власти веќе го промениле законот за сообраќај, така што сопствениците на овие автомобили уште ова лето ќе можат да гледаат филмови или фудбалски натпревари во својот автомобил. Функцијата за автономно возење од Ниво 3 во моментов е достапна само во новата Ѕ-класа на Mercedes како и електричниот EQS од истата марка, иако многу автомобилски производителиработат на имплементација на оваа технологија.
Третото ниво на автономија значи дека автомобилите на автопат сами ја контролираат брзината, управувањето и сопирањето. Секако, возачите мора да бидат способни да реагираат брзо и правилно. Во голем број европски земји по летото ќе биде дозволено и автономно возење, но со максимална брзина од 60 km/h.