Еден од најскапите теренци прескокна еден од најскапите спортски автомобили / ВИДЕО
Нов материјал на YouTube каналот Street Speed 717
Може да се види како Lamborghini Urus прескокнува Aventador (самиот скок е видлив од 8:57).
Мајкл Хисонг (човекот кој стои зад видеото) морал да го вклучи теренскиот режим на работа во Urus за да го зголеми клиренсот со подигање на воздушната суспензија.
Ова не е прв пат креаторот на видеото да прави такви скокови. На почетокот на оваа година, тој со RAM TRX прескокна преку река, за што беше обвинет од страна на Министерството за риби и бродови во Пенсилванија, а претходно имаше направено сличен подвиг со Ford F-150 Raptor. Гледајќи други снимки на каналот на овој креатор, тој нема намера да ја заврши својата авантура со скокање и уништување возила во блиска иднина.