Две „бомби“ од Ferrari: F8 Spider и 812 GTS / ФОТО+ВИДЕО
Ferrari се реши да го прескокне овогодинешниот Салон за автомобили во Франкфурт, но затоа непосредно пред почетокот на истиот претстави два нови модели
F8 Spider
Ferrari F8 Spider е кабриолет верзија на F8 Tributo, но исто така и наследник на Ferrari 488 Spider.
Автомобилот стилски се надоврзува со споменатиот F8 Tributo, од кој се разликува по електросклопливиот цврст покрив и задниот дел од каросеријата, кој морал да се измени. Покривот се подигнува или спушта за само 14 секунди, а двете операции можат да се извршат додека возилото е во движење, но само при брзина до 45 km/h.
Споредено со неговиот претходник, моделот 488 Spider, Ferrari F8 Spider има 20 килограми помала тежина и, според производителот од Маранело, аеродинамиката на автомобилот е подобрена за 10%.
Новиот ривал на McLaren 720 Spider е придвижуван од 3.9-литарски твин-турбо V8 od Coupe верзијата на F8 Tributo.
Со испорака на 720 КС при 8000 вртежи во минута и 770 Nm достапни на само 3.250 вртежи во минута, моторот е помоќен од оној во 488 Spider за 50 „коњи“, додека максималниот вртежен момент е повисок за 10 Nm.
Од мирување до стотка, F8 Spider забрзува за само 2,9 секунди, достигнувајќи 0 до 200 km/h за само 8,2 s.
Максималната брзина е возење е 340 km/h, што е за 15 km/h повеќе од 488 Spider.
812 GTS
Според официјалните претставници на италијанската марка, во моментов ова е најмоќниот кабриолет во светот
Погонот на Ferrari 812 GTS е атмосферски V12 агрегат со работен волумен од 6,5 литри! Овој мамутски мотор развива 789 КС и 718 Nm, што на автомобилот му дава импресивни перформанси.
Спринтот до стотка трае помалку од 3 секунди, додека 200 km/h достигнува за само 8,3 секунди! Максималната брзина е 340 km/h.
Како и F8 Spider, овој кабриолет може да се пофали со подигање или спуштање на покривот за само 14 секунди, а целата операција може да се изврши додека автомобилот е во движење, до брзина од 45 km/h.
Се разбира, заради отстранувањето на покривот, инженерите на Ferrari морале дополнително да ги зајакнат другите делови од автомобилот. Сето ова придонело за зголемување на телесната тежина за 75 килограми во споредба со варијантата купе, па така 812 GTS без течности 1.600 килограми.