![Двата најмоќни суперавтомобили на Lamborghini во двобој на писта / ФОТО+ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/10/lambo.jpg)
Двата најмоќни суперавтомобили на Lamborghini во двобој на писта / ФОТО+ВИДЕО
Купето Aventador SVJ и родстерот Huracan Performante еден до друг на писта во различни дисциплини
Екипата на ZouTube каналот Carwow организирала трка помеѓу двете предводнички верзии во гамата на суперавтомобилите на Lamborghini – купето Aventador SVJ 63 и родстерот Huracan Performante Spyder. Моделите со две врати ги одмериле силите во забрзување од место и во движење, како и во ефикасноста на сопирачките.
Lamborghini Aventador SVJ е опремен со V12 мотор со зафатнина од 6,5 литри, кој развива моќност од 770 КС и 720 Nm. Суперавтомобилот има систем за погон на четири тркала и 7-брзински роботизиран менувач со една спојка. Во Велика Британија, цената на оваа верзија започнува од 360.000 фунти.
Од другата страна е Lamborghini Huracan Performante Spyder којсе потпира на атмосферски V10 мотор со зафатнина од 5,2 литри, чија моќност е 640 КС и 600 Nm. Исто така е поврзан со систем за погон на четири тркала, а менувачот е 7-степен со две спојки. Цената на овој модел започнува од 262.000 фунти.
Погледнете го видеото во прилог.