Возите темпирана бомба затоа што не знаете кога вашиот Mercedes може да се запали. Сопствениците на дизели деновиве мораат да размислуваат за тоа додека возат. Сепак, не сите

Германски Bild пред извесно време објави писмо адресирано до сопствениците на Mercedes дека нивните дизел автомобили можат да се самозапалат поради проблеми со течноста за ладење. Наводно, проблемот погодил 800.000 автомобили. Потврда за имформацијата имаше и од Reuters, иако нема потврда и дали навистина станува збор за толку возила.

Како и да е, проблемот влијае на следните модели:

  • C-класа (W205, 2014-2021)
  • CLS (C257, 2018-)
  • Е-класа (W213, 2017-)
  • Е-класа купе / кабриолет (C / A238, 2017-)
  • G-класа (W463, 1990-2018)
  • GLC (C / X253, 2016-)
  • GLE / GLS (Ш / X167, 2019-)
  • S-класа (W222, 2014-2020)
  • S-класа (W223, 2020-)

Портпаролот на производителот објаснува во што е проблемот:

Пумпата за течноста за ладење контролирана со вакуум може да има истекување помеѓу вакуумскиот систем и кругот на течноста за ладење. Во овој случај, ако течноста за ладење влезе во вакумскиот систем, може да оштети различни компоненти.

Проблемот не се однесува на возилата од американскиот пазар.

Меѓутоа, проблем е што производителот моментално ги нема соодветните делови за да го поправи истекувањето. Производителот препорачува сопствениците да возат многу внимателно и да го намалат патувањето со нивните возила на минимум.

Mercedes им препорачува на сопствениците чии автомобили се наведени погоре да контактираат со овластениот сервисен центар.