DS, Lancia и Alfa Romeo ќе работат заедно на развој на нова генерација автомобили
Според некои европски специјализирани медиуми, трите премиум марки во структурата на новата групација Stellantis – DS, Lancia и Alfa Romeo, ќе работат на заедничкиот развој на нова генерација автомобили која ќе биде претставена во 2024 година
А дека е така, потврда има и од директорот на одделот за производи на DS кој вели дека трите брендови ќе добијат погонски системи и технологии кои нема да бидат достапни во другите модели на Stellantis.
„Работиме со нашите италијански колеги на специфични премиум модели, погони и карактеристики за да ги разликуваме премиум брендовите од големите брендови“, вели Мерион Дејвид за Automotive News.
Моделите кои Lancia, Alfa Romeo и DS ги имаат специјално испланирано за следните неколку години ќе бидат развиени и понудени на пазарот. Следната генерација на автомобили, меѓутоа, ќе го ослободи целиот потенцијал за синергија во рамките на новоформираната компанија.
„Автомобилите кои веќе се во развој ќе бидат лансирани, а потоа за следната генерација, ние сме фокусирани на создавање синергии кои се причина за спојувањето“, вели Дејвид.